HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕриксон дел од македонската „шпиунска“ сага, но како стои на светскиот пазар

Ериксон дел од македонската „шпиунска“ сага, но како стои на светскиот пазар

ericsson-700x435

Шведскиот телекомуникациски гигант Ериксон стана дел од македонската „шпиунска“ сага откако се дозна дека тој стои зад системите за следење на комуникациите во УБК, но оваа некогаш успешна компанија на пазарите низ светот бележи огромен пад и има се послаб профит.

ericsson-621x414

Ериксон ги предупреди инвеститорите дека во последниот месец ќе се соочи со драматичен пад на прометот на Северноамериканскиот пазар од неверојатни 90% со оглед на се помалите трошења кои ги прават мобилните оператори, а имплементацијата на новата инфраструктура за 5G мобилната мрежа се уште е години наназад пред имплементација.

Затоа Ериксон реши да ги спушти цените на опремата за да привлече повеќе мали мобилни оператори кои немаат огромни буџети за инфраструктура како Т-Мобиле, Спринт, Веризон, АТ и Т, како и канадските Бел и Роџерс.

Ниту во Европа не им цветаат рози бидејќи состојбата е многу слична, но предноста им е во тоа што добија доверба од Европската комисија за поставување на 5G мрежата па доколку издржат за неколку години ќе имаат добар кам бек на пазарот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com