Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕрдоган за Европа е диктатор, тој за нив дека се нацисти

Ердоган за Европа е диктатор, тој за нив дека се нацисти

Претседателот на Турција,  Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе продолжи да ги нарекува европските земји нацистички се додека тие него го нарекуваат диктатор.

„Тие имаат слобода Ердоган да го нарекуваат диктатор, но Ердоган нема слобода да ги нарекува фашисти и нацисти. Го велам ова без некој да се навреди. Јас ќе продолжам да ги користам сите изрази, додека тие  ме нарекуваат диктатор”- вели Ердоган во интервјуто што беше емитувано вчера на CNN Turk.

Турскиот претседател исто така изрази жалење во врска со забелешките на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кои беа упатени против него, објави во петокот турскиот весник “Дејли сабат”.

„Германскиот претседател Штајнмаер рече нешто против мене, иако ние сме добри пријатели. Жал ми е за неговата изјава. Посакувам тој никогаш тоа да не го изјави”- кажа Ердоган.

Штајнмаер во својот прв претседателски говор кажа дека Ердоган се заканува да го уништи сето она што неговата земја го направи во изминатите години. Додаде дека тоа исто така ги загрозува односите со турските партнери.