Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕрдоган: Турција има обврска да ја уништи Исламска држава

Ердоган: Турција има обврска да ја уништи Исламска држава

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција има обврска да ја уништи исламистичката милитантна група Исламска држава (ИД) на територијата во соседна Сирија.

– Обврзани сме да обезбедиме дека групата ќе биде оневозможена да извршува акција, внатре, во нашата земја, изјави Ердоган.

Официјална Анкара соопшти дека турски авиони убиле 20 милитантни исламисти од ИД, за време на последниот напад извршен на сириската територија.

Според турскиот претседател, сегашната мисија на армиските сили на Турција во Сирија, позната како „операција Еуфрат“ претставува само прв чекор во борбата за елиминација на Исламска држава, која Ердоган ја нарекува Даеш, според арапскиот назив за оваа џихадистичка група.

Претседателот Таип Ердоган порача дека Турција е „цврсто определена и да ја порази, како што вели, „одметничката ПКК“, како и Фето групата на верскиот лидер Фетулах Гилен кој живее во САД.