Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕрдоган со апел до Турците во Европа: Имајте по пет деца

Ердоган со апел до Турците во Европа: Имајте по пет деца

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика Турците кои живеат во Европа наместо по три, да имаат по пет деца, порачувајќи и на милионската дијаспора дека е „иднината на Европа“, пренесува AFP. Агенцијата наведува дека Турција и Европа се во кавга, откако Германија и Холандија не им дозволија на турските министри во овие земји да одржат говори на митинзите на кои се промовираат проширувањата на ингеренциите на Ердоган, а за што треба да се одржи референдум во април.

„Од тука можам да кажам на моите граѓани, им велам на моите браќа и сестри во Европа… Школувајте ги децата во подобри училишта, обезбедете семејството да ви живее во подобар крај, возете подобри автомобили, живејте во поубави куќи. Имајте по пет деца, не по три. Вие сте иднината на Европа. Тоа е најдобриот одговор на непристојноста што ја покажуваат кон вам, на непријателството, на неправдата“, рече турскиот претседател.

Ердоган, кој има четири деца, порано ги повикуваше жените во Турција да раѓаат најмалку по три деца за да се зголеми популацијата.