Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕрдоган му даде мандат на Давутоглу за состав на нова влада

Ердоган му даде мандат на Давутоглу за состав на нова влада

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му додели на премиерот Ахмет Давутоглу мандат за состав на влада, објавија турските медиуми. Со ова започнува 45-дневниот рок во кој треба да биде формиран владиниот кабинет. Доколку во овој рок не биде составена влада, шефот на државата ќе донесе одлука за организирање нови избори.

Повеќе од еден месец поминаа од одржаните парламентарни избори во Турција, на кои Партијата на правдата и развојот (АКП) иако победи, за првпат го загуби парламентарното мнозинство, поради што не може самата да формира Влада.

Турскиот премиер ќе има средби со лидерите на сите три опозициски партии во првиот круг од преговорите за состав на коалициска влада. Тие средби ќе завршат до идната среда, најавија извори од Кабинетот на Давутоглу.