Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕрдоган: Денешната „фашистичка, жестока“ Европа наликува на времето пред Втората светска војна

Ердоган: Денешната „фашистичка, жестока“ Европа наликува на времето пред Втората светска војна

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека денешната „фашистичка, жестока“ Европа наликува на времето пред Втората светска војна.

Тој истакна дека ќе ги разгледа односите со Европа по референдумот на 16 април и тогаш ќе биде сторено тоа што е неопходно.

Ердоган и порача на Европа „да си ја гледа својата работа“ во однос на коментарите за вонредната состојба во Турција.

Тој нагласи и дека нема да дозволи ниту еден Европеец да дејствува како агент во Турција.

Ердоган посочи дека Европа повеќе не може да и се заканува на Турција со процесот за членство и со спогодбата за мигрантите, нагласувајќи дека тој период завршил.

Турскиот претседател истакна дека во однос на ЕУ ќе се роди сосема поинаква Турција по референдумот на 16 април, на кој граѓаните ќе гласаат по прашањето за воведување претседателски систем.