Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕрдоган: Народот нека излезе на улица – Армијата прогласи воена власт

Ердоган: Народот нека излезе на улица – Армијата прогласи воена власт

Реџеп Таип Ердоган упати кратка порака до јавноста откако дел од турската армија изврши воен удар во државата и успеа да завземе повеќе клучни стратешки точки во главниот град Анкара и Истанбул. Ердоган го повика народот да излезе на улица бидејќи верува во неговата моќ и побара од нив да ги освојат плоштадите и аеродромите.


Иронијата да биде поголема претседателот мораше да користи социјални мрежи да се обрати до јавноста, а токму неговата власт ги цензурираше медиумите и мрежите, затвораше и казнуваше новинари.

Од друга страна пак, армијата ги советува граѓаните или поточно цивилното население да остане дома каде ќе биде безбедно и да не вклучува во судири и инциденти бидејќи жртви никој не посакува. Засега се заробени неколку државни функционери и припадници на полициските сили блиски до Ердоган.

Армијата која ја завзеде и државната телевизија ТРТ порача дека секој ќе одговара за злоделата на режимот според меѓународните конвенции.

Последните информации говорат за обид на Ердоган да избега во Германија со приватен авион, но слетувањето според Американското министерство за одбрана му е одбиено и не му е доделен политички азил.