Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕрдоган: Ако народот сака смртна казна ќе го послушаме

Ердоган: Ако народот сака смртна казна ќе го послушаме

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно се повика на народот при носење на една од најважните одлуки кои може целосно да ја променат земјата засекогаш.
­

„Што зборува денес турскиот народ? Тој сака повторно да се воведе смртната казна, а ние како Влада мора да го слушаме. Не смееме да кажеме „не“, тоа не не интересира. Народот сака повторно воведување на смртната казна и оној што ја предводи земјата мора да ги слуша граѓаните, изјави Ердоган и покрај предупредувањата на европските лидери дека таквиот чекор на Анкара ќе ги прекине преговорите за членство во ЕУ.

Освен тоа, Ердоган изјави дека Анкара ќе ги исполни ветувањата од договорот за мигрантите со ЕУ, но нагласи дека Унијата не го почитува договорот. Тој тврди дека ЕУ не и помогнала доволно на Турција. За жал, Западот досега не беше искрен, тврди турскиот претседател. Ако Турција ја врати смртната казна тогаш дефинитивно ќе се одалечи од ЕУ.