HomeДЕНЕШНАСветЕрдоган ја нарече Клинтон „Почетник во политиката“

Ердоган ја нарече Клинтон „Почетник во политиката“

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган ја нарече демократската кандидатка за претседател на САД Хилари Клинтон „политички почетник“, бидејќи таа изјави дека ќе ја разгледа опцијата за снабдување со оружје на курдските сили во Сирија, кои Турција ги смета за терористичка организација.

Ердоган исто така изјави дека Турција ќе го одложи враќањето на некои државјани на САД кои се заробени во Турција се додека таа земја не го врати муслиманскиот лидер Фетулах Гулен, кој живее во Пенсилванија, а Анкара го обвинува дека стои зад неуспешниот обид за Пуч во Турција во јули.

Наводно Анкара е фрустрирана поради тоа што Вашингтон се уште размислува што да направи во врска со Гулен. Гулен негираше дека учествувал во обидот за воен удар, додека американските власти сакаат Турција да дозволи законскиот процес околу евентуалното судење и предавање на Гулен да оди по редовна постапка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com