Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕПП му го честиташе на Мицкоски изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

ЕПП му го честиташе на Мицкоски изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Европската народна партија (ЕПП) на својот официјален „Твитер“ профил му го честиташе изборот на Христијан Мицкоски за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Честитки до Христијан Мицкоски за неговиот избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. На Македонија и треба силна опозицијата во парламентот за заеднички да се преземат неопходните реформи и да се решат проблемите кон евроатлантскиот пат“, велат од ЕПП.

Мицкоски вчера на партискиот конгрес во Валандово беше избран за нов лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и доаѓа на местото на Никола Груевски кој беше на чело на партијата од 2003 година. Од 438 пријавени делегати на конгресот, 376 гласаа за изборот на Мицкоски, додека 52 ливчиња беа неважечки.