Sunday, Jul 23, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕпл Ленд ќе проработи во Ресен – Отворен откупниот центар за јаболка

Епл Ленд ќе проработи во Ресен – Отворен откупниот центар за јаболка

Епл Ленд е странска инвестиција од двајца бизнисмени од Дубаи која уште од најавите во 2013-та ги израдува земјоделците бидејќи со откупниот центар треба целосно да се реши нивниот пласман на јаболка. Епл Ленд свечено ќе биде отворен во Ресен со реализација на почетната инвестиција од 5 милиони евра и вработување на стотина луѓе директно или индиректно. Идејата на бизнисмените Абдошамах Насер и Аднан Али Рашид е Епл Ленд да функционира како откупно-дистрибутивен центар и пласман на локалното производство на пазарите во Блискиот исток.