Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаЕпитетот „финале“ под знак прашалник, Голден Стејт го сруши Кливленд со 33 коша разлика

Епитетот „финале“ под знак прашалник, Голден Стејт го сруши Кливленд со 33 коша разлика

Тимот од Охајо повторно потфрли против бранителот на трофејот во најсилната кошаркарска лига. Во вториот меѓусебен дуел од големото финале, „воините“ се изборија за триумф со високи 110-77.

Кошаркарите на Kливленд го загубија препознатливото темпо на игра некаде во средината од втората четвртина во која имаа минимално водство од 28-27, за потоа бранителот на трофејот да ја преземе контролата во свои раце. Пресудни беа 20-те поени разлика во завршните 10 минути од мечот, по што на паркетот настапи и резервата на Голден Стејт која дополнително допринесе за својот тим да стигне до бројката од 110 коша. Лидер во домашниот табор беше Дејмонд Грин со 28 поени.. По него следуваат Стеф Кари со 18 и Клеј Томпсон со еден кош помалку.. Кај „Кавалерите“, единствено Леброн Џејмс се истакна со скромни 19 поени, но и 7 загубени топки, најмногу од сите на теренот.

Инаку, актуелниот шампион е првиот тим по пауза од 7 години кој разигрувањето за трофејот го отворил со скор 2-0. Претходно, во 2009 година истиот успех го имаше Лос Анџелес Лејкерс кој ја комплетираше серијата против Орландо Меџик со 4-1.