Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕП во четврток ќе го ратификува договорот за стабилизација и асоцијација со Косово

ЕП во четврток ќе го ратификува договорот за стабилизација и асоцијација со Косово

Европскиот парламент во четврток ќе го ратификува Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Косово и ЕУ, што е прв официјален чекор на Приштина на патот кон евроинтеграциите, соопшти ЕП. Пратениците ќе разговараат за Договорот еден ден претходно.

За да стапи во сила Договорот за стабилизација и асоцијација, потребно е да добие согласност од ЕП, се додава во соопштението. Договорот, чија цел е зајакнување на политичкиот дијалог и трговија меѓу Унијата и Косово, е потпишан во октомври минатата година од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, а косовското Собрание го ратификаше во ноември.