Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕП: Италијанските репрезентативци вечерва ќе играат со црни ленти на рацете

ЕП: Италијанските репрезентативци вечерва ќе играат со црни ленти на рацете

Репрезентативците на Италија ќе носат црни ленти околу рацете на вечерашниот натпревар од четвртфиналето на Европското првенство против селекцијата на Германија, во знак на оддавање почит на загинатите во нападот во Дака. 20 странци беа убиени од страна на напаѓачите, откако беа држени како заложници во кафе бар во престолнината на Бангладеш, а поголемиот дел од жртвите биле Италијанци и Јапонци.

Официјалните претставници претходно наведоа дека вооружените луѓе биле убиени кога сигурносните сили влегле во кафе барот, во саботата наутро, додека двајца полицајци биле убиени при нападот. УЕФА им даде дозвола на играчите од Италија да носат црни ленти на натпреварот кој започнува во 21:00 часот во Бордо, пренесува “Football-Italia”.