Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФаулЕП 2016: Затворска казна за неколку навивачи, забрана за влез во Франција

ЕП 2016: Затворска казна за неколку навивачи, забрана за влез во Франција

Судот во Марсеј осуди шестмина англиски навивачи, а на петмина им одреди затворска казна во траење од еден до три месеци, за учество во наредите на Европското фудбалско првенство во Франција. Брзото судење и изречената пресуда имаат за цел да испратат порака на потенцијалните хулигани кои до 10 јули ќе патуваат низ француските градови и ќе ги следат своите репрезентации на турнирот.

Адвокатот на одбраната рече дека казната е последица на атмосферата од страв околу ЕП и дека во „друг контекст казните би биле потполно подруги“.

Еден Французин е осуден на едногодишна затворска казна, а Австриец на петмесечна поради учество во наредите во Марсеј, каде зграда е оштетена, а улиците прикриени со стакло. Еден англиски навивач доби условна едномесечна казна. На сите им е забранет влез во Франција на две години.

Ниеден навивач од Русија не се осуди и покрај тоа што обвинителот од Марсеј ги обвини како „високо обучени“ руски силеџии за најлошо најсилство на калдрмисаните улици околу пристаништото и околу стадионот „Велодром“ во претходните неколку дена.