Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЕнрике Иглесијас: „Здраво Македонија, се гледаме во понеделник“

Енрике Иглесијас: „Здраво Македонија, се гледаме во понеделник“

Кралот на латино-поп музиката, Енрике Иглесијас, лично ги покани македонските фанови преку неговата официјална Фејсбук страница, која има над 50 милиони фанови, на концертот кој ќе се одржи в понеделник, 20 јуни во ВИП Арената на СЦ „Борис Трајковски“.

Енрике во Скопје доаѓа во рамките на светската турнеја „Sex and Love“ во која го промовира својот последен студиски албум.

На македонската публика, меѓудругото, ќе ѝ се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните и можеби најпопуларни „Bailando“, „El Perdon“, „Not In Love“, „Hero“, „Tonight“, „Bailamos“, „I Like It“… кои несомнено беа на челните позиции на разни топ листи во светот.