Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЕнди Мареј стана татко

Енди Мареј стана татко

Сопругата на британскиот тенисер Енди Мареј роди девојче. Како што пренесуваат британските медиуми, сопругата на моментално вториот тенисер на светот се породила во недела навечер, но веста била држана во тајност се до денес. Веста дека очекуваат дете беше објавена во август, неколку месеци после свадбата. Славниот тенисер за време на подготовките за Австралијан Опен изјави дека фамилијата ќе му претставува приоритет. „Моето дете и сопугата ми се многу поважни од тениски натпревар“, изјави Енди Мареј.

„Ова е голема промена за мене и за мојата сопруга и моментално ова ми е приоритет. Ќе видиме што ќе се случува понатаму“, додаде Мареј. Мареј после поразот во финалето на Австралијан Опен од Новак Џоковиќ испрати јавна порака до својата сопруга порачувајќи и дека со првиот лет ќе се врати дома. „Беше неверојатна последните две седимици. Ти благодарам многу за поддршката“, оваа беше порака која Мареј и ја испрати на својата сопруга.