Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЕнди Мареј со закана до Ѓоковиќ

Енди Мареј со закана до Ѓоковиќ

Енди Мареј понесен од крилјата на првото место кое го освои на Квинс Клаб Турнир, вели дека сега се наоѓа во одлична физичка форма и се чувствува одлично.  „Морате да бидете подобри. Ако не, некој друг ќе го земе вашето место. Физички сум дефинитивно во подобра форма од претходно, а сега исто така имам поразновидна игра. Тоа е добро за мене“, вели Мареј.

Во пресрет на големиот тениски турнир во Англија, Вимблдон, кој започнува на 29-ти јуни, Мареј вели дека често пати бил многу блиску до Ѓоковиќ, меѓутоа на крајот доживувал пораз. Тој смета дека е време да го направи последниот чекор да го повтори ланскиот успех и да го совлада рекетот број еден.

murray

„Навистина е штета што толку многу губев од Новак, но во многу мечеви бев многу блиску до него. Тој имаше фантастична година и нема срам во поразите од него, но ако сакам да освојувам гренд слем титули морам да го победам. Го направив тоа во минатото кога победив на УС опен, на Вимблдон и на Олимпијадата и морам да научам нешто од тие мечеви. Има само еден играч на светот кој играл подобро од мене оваа година. Сега морам да го победам“, вели Мареј.