Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЕнди Мареј елиминиран од УС Опен

Енди Мареј елиминиран од УС Опен

Јужноафриканецот Кевин Андерсон успеа да направи изненадување на УС Опен со победата во осминафиналето над третиот носител на турнирот, Енди Мареј.

Андерсон победи во сетови со 3:1 (7-6, 6-3, 6-7, 7-6) со што стигна до своето прво Грен Слем четвртфинале. Тој во следното коло ќе се сретне со Станислас Вавринка, кој со истиот резултат во сетови (6-4, 1-6, 6-3, 6-4), славеше над Доналд Јанг.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Рожер Федерер, кој со 3:0 во сетови (7-6, 7-6, 7-5) го совлада Џон Изнер.