HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЏејмс Корден домаќин на доделувањето на Греми наградите

Џејмс Корден домаќин на доделувањето на Греми наградите

4534004_korden-f1jpg

Британскиот комичар Џејмс Корден е одбран за домаќин на 59 по ред доделување на Греми награди, кое се одржува на 12 февруари 2017 година во Лос Анџелес. Музичарот и рапер Ел-Ел Кул Џеј изминатите неколку години ја имаше оваа улога која сега му припадна на популарниот комичар Корден.

„Навистина се чувствувам почестено. Станува збор за доделувањето на најголемата и најпрестижната награда во музичката индустрија и навистина сум среќен што ќе имам прилика да бидам дел од таа вечер“, открива Британецот. 38-Годишниот комичар е инаку водител на популарната шоу-програма „Карпул Караоке“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com