HomeАЈНШТАЈНИЈААтласЕмиратите со нов мегаломански проект – футуристички град среде пустина

Емиратите со нов мегаломански проект – футуристички град среде пустина

Обединетите Арапски Емирати се подготвени се да потрошат 15 милијарди долари за град, во кој ќе можат да живеат 90.000 жители.

Станува збор за градот со 40.000 жители во него и уште 50.000, кои ќе живеат во негова непосредба близина, кој ќе биде изграден на највисоко технолошко ниво и со целосна енергетска ефикасност, односно со емисија на јаглерод диоксид еднаква на нула.

Таков план во 2010 година зацрта монархиската власт на Обединетите Арапски Емирати, лкога прв пат објавија дека следните години ќе потрошат 15 милијарди долари на градот Масдар.

Големото градилиште се простира на површина од шест квадратни километри и се наоѓа на 17 километри источно од Абу Даби.

Станува збор практично за лабораторија на Институтот Масдар од главниот град на ОЕА, со цел да се овозможи на едно место да се применат по можност сите познати технологии, за да се спречи натамошно загадување на атмосферата со јаглерод диоксид, како последиците на климатски промени.

Зградите ќе бидат наредени по должината на тесните градски улици, со решетки поставени на начин, на кој најдобро ќе можат да се користат локалните ветрови за ладење на градот, а во исто време успешно да се заштитува од пустинската топлина.

Зградите, од кои ниту една нема да има повеќе од пет катови, на покривите ќе имаат соларни панели, а фотонапонските панели ќе бидат распоредени и на натстрешниците долж тротоарот за пешаци по улиците на градот.

Зградите ќе имаат фасади под агол, со цел да впиваат што помалку сончева енергија, додека главните три згради ќе бидат максимално изложени на сонце, со цел таа енергија да може да се користи за производство на сопствената енергија, односно да се покријат три четвртини од потребите за топла вода.

Градскиот сообраќај ќе биде организиран со мрежа на електрични автобуси и приватни возила, кои можат да достигнат брзина од 130 километри на час.

Сто километри од градот на ОАЕ градат и соларна термоелектрана од 100 мегавати на површина од 2,5 квадратни километри за потребите на градот, како и соларна фотонапонска електрана од 10 мегавати на површина од 0,2 квадратни километри.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com