HomeДЕНЕШНАСветЈеменскиот претседател се согласи на 72 часовен прекин на огнот

Јеменскиот претседател се согласи на 72 часовен прекин на огнот

Јеменскиот претседател Абд-Рабу Мансур Хади се согласи на 72 часовен прекин на огнот, со можност за продолжување, изјави денеска министерот за надворешни работи Абдел-Малек ал Мехлафи.

„Претседателот се согласи на 72-часовен прекин на огнот со подоцнежно продолжување, ако и другата страна се приклучи кон тоа”, напиша министерот на Твитер.

Вчера САД, Велика Британија и ОН побараа од јеменската влада на претседателот Абд Рабу Мансур Хади и од шиитските бунтовници Хуси веднаш да го прекинат огнот во Јемен.

– Дојде време да се утврди безусловен прекин на огнот, а потоа да се седне на масата за преговори – изјави државниот секретар на САД Џон Кери во Лондон, каде учествува на состанокот за решавање на конфликтот во Јемен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com