HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЕлтон Џон подготвува автобиографија за 2019 година

Елтон Џон подготвува автобиографија за 2019 година

Британскиот музичар Елтон Џон најави дека ќе објави автобиографија во 2019 година. Во пишувањето на оваа книга 69-годишниот пејач соработува со музичкиот критичар Алексис Петридис. Елтон Џон изјави дека „сфатил дека има исклучителна привилегија да живее луд живот“, како и тоа дека неговиот живот бил одлично „возење“.

elton-dzon-2

Пејачот во текот на кариерата долга пет децении во пет наврати ја освојуваше наградата „Еми“, а добитник е и на Оскар за песната „Cant you feel the love tonight“. Меѓу најпознати песни кои британскиот пејач ги има компонирано се „Rocket Man“, „I’m Still Standing“ и „Tiny Dancer“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com