Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосЕлон Маск: Можеби живееме во компјутерска симулација на вонземјани

Елон Маск: Можеби живееме во компјутерска симулација на вонземјани

Елон Маск, како една од највлијателните мисли во ИТ секторот, мисли дека сите сме само ликови што живеат во симулиран свет.

„Постои веројатност од милијарда : еден да живееме во вистинска реалност“, рече Елон Маск на конференцијата Recode.

Секоја цивилизација е доволно добра за да направи симулација на вселената, а со оглед на тоа што има стотици милијарди галаксии во светот и секоја од нив содржи по милијарда ѕвезди, голема е веројатноста некоја цивилизација да изведува симулација од стварноста во која живееме. Ако цифрите ги гледаме од статистички аспект, можеме да заклучиме дека е многу мала веројатноста дека не се наоѓаме во некоја од последните неколку симулации. IFrame

elon mask vselena

„Пред 40 години го имавме Понг, ја знаете играта со два правоаголника и точките. Така изгледаа порано игрите. Денес, 40 години подоцна, имаме реалистични 3D симулации со милиони луѓе што играат во реално време, а истата технологија напредува секоја година се повеќе. Кога ќе дојдеме до точка во која нема простор за дополнителни подобрувања или напредок, тогаш игрите нема да можат да се разликуваат од реалноста“, заклучува Маск.

Ако сево ова ви звучи бесмислено, не очајувајте, затоа што животот во симулација може да биде добра работа според лидерот на Tesla Motors.

Извор: telefoni.mk