HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕлитниот комплекс Ветрило се поблиску до визијата, привршува првата фаза на изградба

Елитниот комплекс Ветрило се поблиску до визијата, привршува првата фаза на изградба

На атрактивна локација на падините на Водно во мирен, еколошки дел од населбата Сопиште, со м.в.Ветрило, на надморска височина од 540 метри, Друштвото за градежништво, проектирање и инженеринг ИНТЕРСОФТ ЛТД Скопје, компанија со изграден имиџ и докажан квалитет на пазарот веќе 15 години, гради елитен станбен комплекс, наречен “Ветрило”. Оние кои ќе побрзаат и во овој комплекс ќе купат куќа, сигурно добиваат недвижен имот кој како ќе поминува време ќе добива на поголема материјална вредност.

Во овој момент се превземаат последните чекори кон завршување на првата фаза од изградбата на овој елитен станбен комплекс, прва фаза која комплетно ќе биде завршена до месец март 2017 година.

Проектот се состои од 18 куќи, поделени на 3 типа А, Б и В. Квадратурата на објектите е од 103 до 118 м², распределени на два ката, односно приземје и кат. Во приземјето се сместени дневна соба со отворен план, кујна со трпезарија и гостинско купатило, додека на катот се сместени 3 спални соби со 2 бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движи од 160-240 м², што е доволен простор за можност за паркирање  на два автомобили и да се сместат содржини за рекреација. Внатрешноста на самиот комплекс е поделена со две ново проектирани улици, кои дополнително овозможуваат приватност на станарите.

vetrilo-privrsuva

“Објектите имаат статика која е сеизмички проверена и одобрена од Институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што комплексот го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење во нивниот нов дом. Ветрило е модерен, функционален комплекс кој одговара на динамичните потреби на едно  урбано семејство”, вели Анета Велковска овластен архитект, вработена во компанијата Интерсофт.

Комплексот е свртен спрема исток, југ и југо запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени и да имаат постојана проветреност и природна дневна сончева светлина, а исто така  да се овозможи и поубав поглед.

14484767_1168003696590347_2273816731146084953_n

Со купување куќа во комплексот “Ветрило” трајно се решава проблемот со недостигот на чист воздух. Децата можат да растат во поинакви услови, да трчкаат во дворче наместо да седат во стан покрај компјутер. Куќите кои се на два ката, навистина пленат со својата убавина. Модерно дизајнирани со плански осмислен простор, по Фенг Шуи филозофија, а прилагодени на потребите на секој член во семејството. Централно греење и ладење како и топла санитарна вода  се само дел од работите кои ке се вградат во објектите. “Ветрило” е новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина и почист воздух.

Уште со првите фотографии кои се појавија во медиумите Ветрило го привлече вниманието кај јавноста, предизвика интерес и љубопитност. Комплексот е во мирна и еколошка средина, надвор од градскиот метеж а сепак на само 6,5 километри од центарот на Скопје, во близина на општината во населба Сопиште.

Оние кои се одлучија да се вдомат во овој комплекс,  веќе размислуваат за внатрешното уредување. Секако инвеститорот ,,ИНТЕРСОФТ ЛТД”, со својата спремност и сопствениот тим од архитекти и тука им нуди помош на своите клиенти преку најразлични совети.

ПРОМОТИВНАТА ЦЕНА е 848 евра по м2  плус 5% ДДВ, со вклучено дворно место, и истата ќе важи до крајот на месец Октомври 2016 година.

Станбен објект во комплесот “Ветрило”  може да се купи и со субвенциониран кредит преку проектот  “Купи куќа за млади”, а исто така и преку поволни кредитни линии од домашните банки.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com