Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЕлена Ристеска ќе ја претставува Македонија на ,,Сунчане скале 2015"

Елена Ристеска ќе ја претставува Македонија на ,,Сунчане скале 2015"

Пејачката Елена Ристеска, е единствениот македонски претставник на 30 јубилејно издание на фестивелот ,,Сунчане скале 2015″ кој ќе се одржува од 29ти до 30ти јуни во ,,Канли кула” во Херцег Нови.

29 јуни е датум кој им значи на сите нови sвезди кои настапуваат на овој фестивал, вклучувајќи ја и групата ,,Хајлеј трио” кои публиката ги запозна на овогодинешниот ,,X Фактор”.

suncane skale

Тончи Хуљиќ, Данијела Мартиновиќ, Магазин, Саша Ковачевиќ, Кики Лесандриќ-Пилоти, Фламингоси, Марија Шерифовиќ и Адил, Петар Грашо, Тропико бенд, Емина Јаховиќ, Анабела, Кнез, Бојана Стаменов, Сања Долежал, Дивље јагоде, Никола Ровиќ, Вана се само дел од звучните имиња кои ќе настапат на втората фестивалска вечер ,,Песна на летото”  која ќе се случу на 30 јуни.

Станува збор за реномиран фестивал кој традиционално, 30 години носи квалитетни поп-хитови. Годиниве наназад, одлични пласмани имаа и неколку македонски изведувачи.