Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЕлектромобили и електротротинети за туристичко разгледување на Скопје

Електромобили и електротротинети за туристичко разгледување на Скопје

Електромобили и електротротинети за туристичко разгледување на Скопје. Со неколкуминутна тура низ центар, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Градски паркинг“, Борче Јакимовски и официјално ги пуштија во употреба новите т.н. персонални транспортери.

„Станува збор за 7 нови електромобили и 5 нови електротротинети кои ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните и ќе служат за туристичко разгледување на знаменитостите во центарот на градот. Покрај новите електровозила, на сите посетители за туристичко разгледување на градот на располагање им стојат и дополнителни 5 електромобили и 10 електровелосипеди кои Град Скопје ги набави во 2014 година“, информираше денеска Трајановски.
elektroВозилата ќе можат да се изнајмуваат на пунктот на „Градски паркинг“ на плоштадот „Македонија“. За возење со електромобил ќе треба да се плати 50 денари за билет, додека цената за изнајмување на електротротинетите е 100 денари од час.

Возилата се платени со пари од градскиот буџет. Потрошени се околу 130.000 евра.

ФОТО:Киро Попов/Утрински.мк