Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатар,,Електра” – најдобра претстава на јубилејниот МТФ ,, Војдан Чернодрински’’

,,Електра” – најдобра претстава на јубилејниот МТФ ,, Војдан Чернодрински’’

Претставата ,,Електра” во театарски ракопис на Андри Жолдак е прогласена за за најдобро уметничко остварување на 50. јубилејно издание на Македонскиот  театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Оваа одлука едногласно ја донесе фестивалското жири во состав: Ѓорѓи Јолевски, Тони Михајловски и Илбер Муртези.

PRESS

Маестралната театарска игра на младата, но исклучителна актерка Дарја Ризова и ја донесе наградата за најдобра женска улога во претставата „Електра“, а актерот Адем Карага ја доби наградата за најдобра главна машка улога во претставата „Предавање“ на Албанскиот театар-Скопје

Специјална награда за колективна игра и осовременување на класиката доби ансамблот на Прилепскиот театар за претставата „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во режија на Нела Витошевиќ..

Јубилејот на овој фестивал беше одбележан со промоција на монографија за петдеценискиот растеж на МТФ „Војдан Чернодрински“ од театрологот Јелена Лужина.

Фестивалското жири годинава додели 16 награди за најдобри уметнички остварувања.