Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕкстремните температури донесоа пожари и во Охридско

Екстремните температури донесоа пожари и во Охридско

Екстремно високите температури почнаа да го земаат својот данок. По вчерашните шумски пожари во Слупчане и Матејче, денес избувна пожар и на планината Галичица во близина на охридските населби Бејбунар и Гоце Делчев. Пожарот се проширил во близина на далновод и дошло до мал прекин на електричната енергија во градот. Активирани се противпажарните екипи, а состојбата ја набљудува и Центарот за управување со кризи.