Friday, Apr 19, 2024
HomeИздвојувамеЕкстремни спортови, колку чинат адреналинските доживувања

Екстремни спортови, колку чинат адреналинските доживувања

Без разлика дали планирате банџи скок од некој облакодер или пак скуба низ подводни пештери, љубителите на екстремните и адреналински спортови се спремни да го „истенчат“ својот новчаник. Ова се дел од тие спортови кои помалку или повеќе ќе ви го олеснат новчаникот.

Банџи џампинг од 150 до 420 долари!

bandzi

Скокањето банџи знае да достигне и до 420 долари во зависнот од далечината на локацијата.

Екстремно скијање од 800 до 1200 долари!

heli

Хелихоптер ве носи до најекстремните планини кои тешко дека ќе успеете да стигнете со било кое друго возило или пеш. Ова задоволство ке ве чини околу 1200 долари во зависност од компанијата што ве носи до планината а и воедно ова искуство носи многу опасности како лавина од снег и може да ве чини многу повеќе од пари.

Рафтинг од 200 до 1400 долари!

rafting

Рафтингот се смета за рекреатив спорт меѓутоа може да постане и екстремен во зависнот од „тежината“ на реката нејзиното корито, вртлоци па и водопади. Овој спорт знае да биде многу опасен доколку изгубите контрола или пак испаднете од чамецот. Ова задоволство може да ве чини и до 1400 долари во зависност од локацијата и поради скапата опрема која ви е потребна за овој спорт кој стана популарен далечната 1970-та година.

„Base“ џампинг до 2000 долари!

base skok

Качување карпи, 600 долари за опрема до 2000 долари за патувањето!

rock

Качувањето карпи се случува од почетокот на времето, меѓутоа денес овој спорт е еден од најекстремните и најскапите спортови! Патиките, јажето и остатокот од опремата може да ве чини и до 600 долари а патувањето дури и до 2000 долари. Ова адреналинско искуство драстично ќе ви го ослабе новчаникот!

Скок со падобран, опрема 5000 долари, од 200 до 400 за скок!

skydive

Овој спорт започнува далечната 1919-та година. Смртноста на овој спорт е многу мала поради добрата опрема и психичката подготовка за истиот. Временските услуви се исто така клучни! Овој спорт е премногу скап па поради истата причина не многу можат да си го дозволат.

Wingsuit летање! 1500 долари за опремата, 2000-5000 за летот!

vingsut letanje

Дозволувајќи ви буквално да летате, овој спорт е веројатно еден од најекстремните и ви нуди одлично искуство! Опремата и припремите се многу битни бидејќи мала грешка може да ви чини многу повеќе од 5000 долари!

Skysurfing, преку 6000 долари за опрема, 200 до 400 долари по скок.

skysurf

Доколку сте љубители на сурфање не заборавајте дека тоа можете да го правите и во воздух! Спортот е измислен 1986 од Доменик Јаскет и Јан-Паскал Орон за да додадат малце повеќе жар во нивните скокови!

Нуркање низ подводни пештери, 9000 долари па и повеќе за опремата и локацијата!

dajv niz peshteri

Многу скап и опасен спорт во кој може да дојде и до жртви поради декомпресија која може да доведе и до давење. Ова доживување е на врвот на листата екстремни спортови. За овој спорт сигурно ќе ја посакате најдобрата опрема која ќе ве чини премногу, но колку ли е битна цената кога во прашање е вашиот живот.

Планинарење на екстремни височини преку 100000 долари!

high alti

На надморска височина од 2100 метри, човечкото тело веќе има потешкотии да се приспособи, но над 8000 метри височина повеќе не може да дише при што имате потреба да носите со себе боци кислород. Овој спорт е екстремно ризичен и екстремно скап. Од хипотермија до гушење од опрема скапа преку 100000 долари се за привилегијата да се освои еден од највисоките врвови на нашата планета.

Извор: luxatic.com