Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЕкстра забава со С.А.Р.С. за Бела ноќ во Скопје Сити Мол

Екстра забава со С.А.Р.С. за Бела ноќ во Скопје Сити Мол

Во првиот викенд од овој месец,  Скопје Сити Мол организира Лејт Најт Шопинг со големи попусти до полноќ, а во организација со Општина Карпош на 3-ти октомври, сабота, ќе се приклучи во прославата на познатата Бела Ноќ во Скопје во свој стил, со богата музичка програма насловена како „Ем умеам, ем можам“ со цел што поатрактивно да го одбележи и својот 3-ти роденден.

Popusti

Разновидната програма започнува во 12 часот во сабота каде први ќе настапат децата од основните училишта од општина Карпош во склоп на детската програма, додека во 13:40 атмосферата ќе ја раздвижат од Рок Бендот „Другарите од средно“. Еден час подоцна забавата ќе продолжи со ДЈ Капони, во 16 часот продолжува Лили, а во 17:00 настапува Реквием Бенд. Дополнително, пејачката Нина Јанева заедно со својот бенд, ќе се приклучи на забавата во вечерните часови во 18:00 часот. Во 20:15 часот ќе се оддржи поздравен говор, а во 20:30 пред македонската публика токму во Скопје Сити Мол, свој концерт ќе имаат мега популарните С.А.Р.С. за прекрасен финиш на прославата на 3ти октомври.

Музичкиот хепенинг кој без сомнение ќе биде најдобриот во Скопје таа вечер ќе биде дополнет со разновидни аниматори кои ќе ги фасцинираат присутните со својата пантомима, куклен театар и одач на штаки. Најмалите пак ќе имаат шанса да се вклучат во Kids Workshops FIMO, каде ќе се креира посебен роденденски накит, како и во работилница за мафини. За енергичните мали посетители на овој настан, танцовиот клуб Dance, ќе заигра со спектакуларен танцов настап со играње и добра музика, а жешката атмосфера ќе ја збогати ДЈ од Сити Радио.

Во склоп на своите роденденски изненадувања, за сите посетители Скопје Сити Мол од 2-ри до 4-ри октомври организира роденденски попусти, а за најсреќниот шанса да стане сопственик на Jeep Renegade. Среќник кој како лојален посетител на молот, ќе има чест да ги слушне зборовите Happy Jeep to You, и со тоа да стане дел од оваа несекојдневна прослава која долго ќе се памети.