Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕкстерното пред Уставен суд – Наставничкиот пленум поднесе иницијатива

Екстерното пред Уставен суд – Наставничкиот пленум поднесе иницијатива

Наставничкиот пленум денеска поднесе иницијатива до Устваниот суд за екстерното тесирање. На иницијативата се потпишаа повеќе од 1.000 наставници кои реагираат на низа нелогичности, како на пример впишувањето на оценката единица од тестот во сведителството, казните и несоодветниот третман на овој кадар при оценувањето и начинот на кој се спроведува тестирањето.

Укинување или ревидирање на моделот на екстерното тестирање беше едно од барањата на Средношколскиот пленум кој минатата учебна година ја бојкотираше наставата и организираше камп пред ресорното министерство. Надлежните иако ветија, не остварија средба со средношколскиот и наставничкиот пленум ниту одговорија дали ќе има конкретно решение за екстерното кое се спроведува веќе шеста година.