Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕкстерното оценување сепак ќе си тера по старо!

Екстерното оценување сепак ќе си тера по старо!

Иако по протестите и бојкотот на средношколците им беше ветена ревизија на екстерното тестирање и промени во неговото спроведување, по ова прашање не е сторено ништо. Најавите дека матурантите во Јануари ќе го „сефтосаат“ новиот модел на екстерно, по се изгледа ќе останат само празна реторика.

Абдулаќим Адмеми во изјава за медиумите вели било посочено дека доколку нема успех во обидот да се смени концептот, ќе остане стариот модел на екстерно тестирање.

„Новиот модел требаше да ги содржи забелешките на засегнатите страни, но и да ги отстрани досега регистрираните недостатоци
Во јануари матурантите ќе полагаат екстерно, а  бидејќи сите ученици треба да полагаат според истиот концепт не очекувам измени во моделот,  иако веќе имаме почнато со активности за нов“ – рече Адеми

Но, се чини дека никој не е изненаден од ваквите најави. Одложувањето на најавениот нов концепт не ги изненади ниту учениците ниту директорите на училиштата. Според нив, потребно е време да се направи успешен модел на објективност и оценување во образованието. Владините „ми текна“ политики на реформи во образованието засега не даваат резултати, а доказ за тоа е и постојаните новини и промени кои се контрадикторни една на друга.

Владата не се откажува од концептот за екстерно оценување, според нив актуелниот систем на обраование има многу пропусти кои Тие се обидувале да ги надополнат. Бурните протести и бојкотот на наставата, за нив, се само партиски организирана пропаганда. Во нивната реалност, незадоволство од екстерното и реформите во образованието, кај засегнатите страни, не постои…