Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕксплозивна направа пронајдена во Собрание

Експлозивна направа пронајдена во Собрание

Денеска во Собранието, во ходникот на првиот кат, била пронајдена импровизирана експлозивна направа, потврдија од МВР. Оттаму велат дека станува збор за петарда со фитиљ, кој со леплива лента бил врзан за голема плинска боца за полнење запалки. Од МВР додаваат дека е известен одделот за антитероризам на МВР и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„Во 17.28 часот, во Единицата за информирање и команда (ЕИК), началникот на обезбедувањето на Собранието, Горан Јарчевски, пријави дека во ходникот на првиот кат во Собранието била пронајдена импровизирана експлозивна направа, петарда со фитиљ кој со леплива лента бил врзан за голема плинска боца за полнење запалки“, велат од МВР.