Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЕксплозивен филм за тајната операција во Либија

Експлозивен филм за тајната операција во Либија

Наскоро ќе биде прикажан експлозивниот трилер 13 Hours: The Secret Soldiers of Benghazi кој ќе ги следи настаните при нападот на американската амбасада во 2012, но и тајната операција на група платени специјалци кои биле дел од неформалното обезбедување на високите дипломатски претставнци и службеници.

Инцидентот во Бенгази, Либија е еден од најкрвавите на американските дипломатски преставништва во последните 20 години во кој беше убиен американскиот амбасадор и многумина службеници. Во САД имаше големи дилеми како дојде до ескалација на насилството во Либија каде навидум по падот на Гадафи требаше да се формира нова влада.

13 Hours: The Secret Soldiers of Benghazi е во режија на Мајкл Беј кој веќе станува иритантен со неизбежните кадри во кои се вее американското знаме, има огромен број на ескплозии како огномети и паралакс движење на камерата за длабочина кое може да ви предизвика вртоглавица. Сепак, ова се вистински настани, а не уште еден глупав Transformers филм, па затоа сакаме да видиме што ќе понуди талентираниот режисер кој очигледно сега го нема истиот мултимилионски буџет.

Во 13 Hours: The Secret Soldiers of Benghazi главните улоги се доделени на одличните актери Џон Кразински, Дејвид Денман, Макс Мартини, Џејмс Беџ Дејл и Алексиа Барлиер, премиерата е закажана за 15 јануари, па со оглед на тематиката и ако е добро сработен уште сега му се прогнозираат номинации за Оскар.