Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕксплозија во Турција -десетици загинати и повредени

Експлозија во Турција -десетици загинати и повредени

Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку 27 луѓе загинале во експлозија во културен центар во турскиот град Суруч во близина на границата со Сирија. Од Министерството велат дека околу 100 луѓе се повредени и се пренесени во локалните болници. Културниот центар се наоѓа на околу 10 километри од пограничниот град Кобане. Се уште не се знае причината за експлозијата, но официјалните власти велат дека можеби станува збор за бомбаш самоубиец. Според медиумските извештаи во културниот центар имало околу 300 луѓе од Федерацијата на млади социјалисти кои планирале да отпатуваат во Кабане и да помогнат во реобновата на градот.