Експлозија во Сплит, четворица повредени
Во силна експлозија која утрово се случи во Сплит има четворица повредени. Експлозијата се случила во силос за пченица кој се наоѓал покрај северното пристаниште, во пределот кон Врањица, каде што е и поранешната сплитска пивара.
Детонацијата се почувствувала и на подрачјето на Солин. Како што пренесуваат хрватските медиуми, полицијата го прекинала сообраќајот поради што имало големи гужви на излезот од градот. Во тек е истрага за причините за експлозијата.