Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСтабилен раст на македонската индустрија

Стабилен раст на македонската индустрија

Според податоците од Државниот завод за статистика индустриското производство во Македонија оваа година значително го зголеми својот раст и во август забележа скок од 12,7 отсто. Според сектори, најголем пораст во месец август има забележано македонското рударство, дури 18,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Преработувачката индустрија забележала пораст за 8,4 отсто, додека за секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е регистрирано зголемување за дури 45 отсто.

Според последните податоци од почетокот на оваа година, односно од јануари па се до август, македонската индустрија бележи пораст од 1,7 отсто.