Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕксплозија во косовскиот парламент

Експлозија во косовскиот парламент

Непознати напаѓачи извршиле напад врз зградата на косовкиот парламент истрелувајќи граната од мотор во движење, при што настаната е голема материјална штета, но нема повредени. Дневниот весник „Експрес“ тврди дека на парламентот е испукана „зоља“.

Експлозијата се случува пред денешната седница на косовскиот Парламент, на која е најавена расправа за законот за демаркација на границата со Црна Гора, на што остро се спротивставува опозицијата, како и движењето „Самоопределување“.