Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕксплозија во Косовска Митровица – оштетени возила

Експлозија во Косовска Митровица – оштетени возила

Осум автомобили претрпеле штети во експлозија што рано утринава одекна во Косовска Митровица, а материјална штета е предизвикана и врз блиска зграда, пренесе Танјуг.

Во инцидентот нема повредени. Експлозивната направа, најверојатно рачна бомба, била фрлена по 3 часот утринава. Косовската полиција изведува увид на местото на настанот и почна истрага за случајот.