Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕксплозија во Барселона, едно лице го загубило животот, 14 поврдени

Експлозија во Барселона, едно лице го загубило животот, 14 поврдени

Во експлозија која се случила во шпанскиот град Барселона починало најмалку едно лице, а 14 биле повредени, соопштиле локалните пожарникарни служби. До експлозијата дошло блиску до Премиера де Мар, во преградието на Барселона, а како што пренесуваат локалните медиуми причината за пожарот е се уште енигма.

Жителите во таа зграда биле евакуирани додека пожарникарните служби се обидувале да ја утврдат причината за несреќата. Експлозијата предизвикала и огромна материјална штета на околните објекти, а меѓу повредените се наоѓалеи две лица во критична состојба.