Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕксплозија на мина во Турција, повредени се 24 лица

Експлозија на мина во Турција, повредени се 24 лица

Вкупно дваесет и четири лица се повредени во голема експлозија кога автобус превезувајќи ги патниците налетал на мина во турскиот округ Мардин, во близина на границата со Сирија.

Полицијата веднаш започнала со операција за пронаоѓање на виновниците, а турските медиуми се сомневаат во Курдската работничка партија (ПКК) како главни сторители на овој акт.

Од средината на јули,турската армија постепено преземаше неколку операции против ПКК во северен Ирак и на територијата на Турција. Како одговор на тоа ПКК речиси секојдневно извршува напади врз турските безбедносни сили.