Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕксплозија на гас во рудник во Чешка – три лица загинаа

Експлозија на гас во рудник во Чешка – три лица загинаа

Три лица загинаа, а две се повредени по експлозија на гас, што се случи во текот на ноќта во рудникот Дарков во источниот дел на Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што информираше Марек Сибрт, портпарол на компанијата за јаглен и кокс ,,ОКД”, која управува со рудникот.

На местото на несреќата веднаш пристигнала медицинска екипа и хеликоптер кој ги пренел повредените со изгореници во болница.

Причините за несреќата ќе се испитуваат од страна на комисија составена од експерти кои се занимаваат со оваа област и претставници на рударскиот Синдикат во соработка со полицијата.

Последната несреќа во рудниците на ,,ОКД” се случи во ноември минатата година, кога загинаа три лица, а деветмина беа повредени.