Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕксплозија го одложи четвртфиналето: Фудбалер на Дортмунд во болница

Експлозија го одложи четвртфиналето: Фудбалер на Дортмунд во болница

На само еден час пред почетокот на четвртфиналниот натпревар од Лигата на Шампионите при патувањето до стадионот, се случила експлозија пред автобусот на Борусија Дортмунд, по што еден фудбалер е повреден. Натпреварот е одложен. Како што објави весникот „Билд“, инцидентот се случил на 10 километри од стадионот, кога имало експлозија на патот во моментот кога автобусот поминувал, а фудбалерот Марк Бартра заработил повреда и го пренесле во болница.

Од тимот на Твитер го потврдија инцидетот и најавија дека повеќе информации ќе објават наскоро, додека од полицијата се уште немаат информации дали се работи за напад. Според медиумите постојат шанси и да се одложи натпреварот.

„На патот кон стадионот дојде до експлозија во близина на автобусот што го носеше нашиот тим. Едно лице е повредено. На теренот има полициски сили, повеќе информации наскоро“ – порача Борусија Дортмунд преку својот официјален твитер-профил.