HomeДЕНЕШНАРегионЕксплозија одекна во центарот на Атина

Експлозија одекна во центарот на Атина

Поставена експлозивна направа доцна синоќа била активирана во центарот на Атина. Грчката полиција соопшти дека експлозијата била со мала моќност, дека нема настрадани лица и дека се предизвикани само помали материјални штети.

Претходно, непознато лице се јавило во редакцијата на весникот „Ефимерида тон синдактон“, предупредувајќи дека „за половина час ќе експлодира бомба“. Како што наведоа од редакцијата, анонимниот маж побарал за тоа да не ја информираат полицијата. Реонот околу местото на експлозијата бил евакуиран пред да биде активиран експлозивот.

Досега некој не презеде одговорност на експлозијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com