HomeДЕНЕШНАСветЕксплозија на гас во Русија, шест мртви лица

Експлозија на гас во Русија, шест мртви лица

rusija-s

Шест лица го загубиле животот, а четири се во критична состојба после експлозија на гас во станбена зграда во Иваново, место оддалечено околу 250 километри од Москва, пренесоа руските служби за вонредни состојби. Експлозијата, предизивикана поради истекување на гас, се случила пред зората во двоспратна станбена зграда, а од силната експлозија се срушил дел од вториот спрат.

Портпаролката на регионалното министерство за вонредни состојби Олга Долева изјавила дека меѓу настраданите е и едно четиригодишно девојче, пренесуваат руските новинарски агенции.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com