Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕксплодира воен хеликоптер откако слета на минско поле

Експлодира воен хеликоптер откако слета на минско поле

Колумбиски воен хеликоптер слетал на минско поле, а само неколку секунди по слетувањето една од мините се активирала. Во моментот на несреќата во хеликоптерот се наоѓале 15 војници, четворица загинале на местото на настанот, а шест други се тешко повредени.

Војници кои ја преживеале несреќата сведочат дека нагазните мини биле поставени од борците на Револуционерната Армија на Колумбија (FARC). ФАРЦ е герилско движење кое војува со колумбиските власти од 1964 година. Ова е нивниот најсмртоносен напд во низата напади на полициски станици, нафтени танкери и друга инфраструктура во последниве неколку дена, пренесува Fox News.

Хеликоптерот со војници летал кон реонот Фило Гуамо каде што државната компанија Екопетрол работи на поправка на гасовод неодамна оштетен во напад на FARC. Овој момент е снимен од колумбиски војници кои биле во придружба на работниците кои го градат гасоводот во опасниот регион.