Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕксплодира плинска боца во куќа во Драчево, 8 повредени

Експлодира плинска боца во куќа во Драчево, 8 повредени

Експлодираше плинска боца во семејна куќа во село Драчево. Несреќата се случила поладнево околу 15 часот, а според првичните информации повредени се 8-мина, кои се пренесени на скопските болници, шестмина во старата Градска болница, „Свети Наум Охридски“ и уште двајца на ургентен со изгореници.

Според информациите, пожарот е изгаснат и најверојатно зафатил само една куќа. Местото каде што настана експлозијата е густо населен предел со дивоградби што ја отежнувало работата на пожарникарите. Пристапот до местото е забранет поради опасност од истекување на гас.