HomeДЕНЕШНАПолитикаЕкспертот си ја заврши работата: СЈО ги доби сите податоци од серверите

Експертот си ја заврши работата: СЈО ги доби сите податоци од серверите

sjo

Специјалното јавно обвинителство ги добило сите податоци од серверите. Денеска во јавноста кружеше непотврдена информацја за пристигнувањето на експертот од Ериксон, а откако СЈО доби голем број телефонски повици со новинарски прашања за истиот, се огласија оттаму.

„Во врска со прашања на интерес изразени од повеќе медиуми, а кои се однесуваа на постапувањето по судска наредба за прибавување на компјутерски податоци од помошни сервери во Управата за безбедност и контраразузнавање ве известуваме следното:

Во текот на денешниот ден, со помош на надворешен експерт обезбеден од производителот на помошните сервери кои се во сопственост на телекомуникациските оператори, а физички се наоѓаат во Управата за безбедност и контраразузнавање, беше извршено одземање на сите податоци од помошните сервери согласно судската наредба. Појаснуваме дека предметот е во предистражна постапка и во овој момент не сме во можност да обезбедиме дополнителни информации. Одземените податоци ќе бидат предмет на анализа и нашите наоѓања ќе бидат благовремено споделени со јавноста.

Сакаме да појасниме дека спроведувањето на судската наредба од страна на надворешниот експерт беше овозможено од Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, а дополнителни гаранции беа дадени и од Министерот за внатрешни работи“ – соопштува СЈО.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com