HomeИздвојувамеЕксперти: Им се заканува уништување на документите на државниот архив – депоата преселени во несоодветна зграда

Експерти: Им се заканува уништување на документите на државниот архив – депоата преселени во несоодветна зграда

arhiv

Државниот архив на РМ, односно неговата администрација пред околу три ипол години беа преселени во барокниот Археолошки музеј на кејот на Вардар. Депоата на архивот досега се наоѓаа во старата, наменски градена, зграда во која е сместен и Институтот за национална историја. Во зградата е инсталиран соодветен систем за одржување на влажноста потребна за соодветно чување на документите. Со одлука на Владата, ВМРО и ДУИ, пред три ипол години, овие простории беа доделени на Јавното обвинителство – Одделение за организиран криминал. Сега, просториите од депото се прилагодуваат за вселување на одделениете за организиран криминал.

Старата наменски градена зграда за Државниот Архив

Преселбата на архивот предизика реакции во научниот врв, особено кај Институтите кои се наоѓаат во непосредна близина или се сместени внатре во архивот. Сепак, поголем дел од реакциите дојдоа откако почна да се сели депото со архивите. На 25-ти август годинава, Професорката Катерина Тодороска упатила писмо до Јавниот обвинител Марко Зврлевски во кое му укажува на опасноста од уништување на документите ако депото се пресели од оваа наменска зграда која беше пуштена во употреба 1969 година.
pismo-1
pismo-2
pismo-3

Не е дозволено преземање на оваа содржина без согласност од редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com